ВИДЕО| Најмалку 12 загинати во поплавите во централна Кина

Поради обилните дождови кои ја зафатија централната кинеска покраина Хенана загинале најмалку 12 луѓе а околу 10.000 жители на покраината морале да бидат евакуирани на безбедните подрачја, извести во средата кинеската службена новинска агенција Xinhua.

Метеоролошките служби за покраината Хенан и за градот Женгжу ја подигнаа приправноста на службите за справување со природни катастрофи на нивото 1, а прогнозите предвидуваат дека во покраината обилните врнежи ќе падаат до средата доцна вечерта, известува агенцијата.

Браната во близина на градот Женгжу попуштила пред надојдените води извести во средата телевзискиот канал CGTN, кој извести и дека патниците од потопената подземна железница каде водата пораснала до нивото на градите биле евакуриани од припадници на војската.

Повеќе од 6.000 војници и пожарникари се вклучени во операциите за спасување. Аеродромот во Женгжи ги откажа сител летови до средата вечерта.

Покраината Хенан се наоѓа во необично активна сезона на дождовите и е погодена од невреме кое трае од викендот поради што реките се излеаја од коритата и ги поплавија улиците во десетици градови.

Во Женгжу, главниот град на Хенан на бреговите на Жолтата река, во вторникот за еден час наврнале 200 мм дожд, принудувајќи ги градските власти да ја запрат работата на подземната железница.

Метеоролошките служби наведуваат дека станува збор за најобилниет врнежи во еден ден од почетокот на мерењата пред 60 години.

 

https://www.youtube.com/watch?v=BsL9kQ-g_VI