ВИДЕО| Најмалку 16 загинати во судар на минибус и камион во Русија

Најмалку 16 лица загинаа а уште четири се хоспитализирани по судирот на минибус и камиот во неделата во рускиот регион Улјановск, соопштија локалните власти.

Според очевидци, во несреќата во близина на селото Николаевка, дошло кога камион од својата коловозна лента минал во другата и се судрил со минибусот кој доаѓал од спротивна насока, а кој притоа бил удрен од задната страна од друг камион.

Снимките покажуваат дека минибусот едноставно е смачкан меѓу двата камиона.

Сите жртви се државјани на Казахстан, објавија службите за итни случаи. Според гувернерот на регионот Алексеј Руских, четворицата повредени се во тешка состојба.