(ВИДЕО) Најмалку 19 загинати во експлозија на клиника во Техеран

Најмалку 19 луѓе загинале а уште десетина други се поврдеи во експлозија во клиника во северниот дел од Техеран, соопшти во вторникот вечерта портпаролот на притивпожарната служба на иранската престолнина Џалал Малеки.

Како што претходно соопшти заменикот на иранскиот министер за здравство, Ираџ Харирчи, во објектот во моментот на експлозијата се наоѓале околу 25 вработени. Поликлниката, чијашто примарно извршува полесни операција и изведува медицински снимања, претрпела сериозно оштетувања во експлозијата.

„Бројот на загинатите во пожарот кој избувна клиниката достигна 19“, изјавил портпаролот Малеки за новинската агенција IRNA. Додал дека пожарникарите успеале да спасат 20 лица.

Заменикот на гувернерот на провинцијата на иранската престолнина за безбедносни прашања, Хамидреза Гударзи, изјави дека причина за експлозијата во вторникот вечерта во клиниката во северниот дел на Техеран било истекување на гас.

Од својата страна, заменикот на началникот на техеранската полиција, Хамид Хадаванд, изјави дека причината за експлозијата била запалени резервоари за кислород во подрумот на клиниката. Откако експлодирале, предизвикале пожар кој се раширил на горните катови на медицинскиот центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.