-2 C
Skopje
петок, јануари 22, 2021

(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во земјотресот во Турција, се трага по преживеани

100

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вчера ги погоди Турција и Грција.

Според Си-Ен-Ен, најмалку 26 лица загинале, вклучувајќи и двајца тинејџери на грчкиот остров Самос. На нив се срушил ѕид додека се враќале од училиште.

Повеќе од 800 лица се повредени, а се стравува дека многумина останале под урнатините.

 Земјотресот го потресе Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција во 11 часот и 50 минути по локално време. Турскиот Си-Ен-Ен објави дека земјотресот се чувствувал сè до Истанбул. Подоцна, имало повеќе од 80 послаби земјотреси, од кои повеќе од десет со јачина од над 4 степени.

На социјалните мрежи се објавени низа видеа кои покажуваат тешки поплави предизвикани од покачување на нивото на морето.

Погледнете како изгледа крајбрежниот град Сеферихисар близу Измир.

Турција се наоѓа во една од тектонски најактивните области во светот. Повеќе од 17 000 луѓе загинаа во август 1999 година кога земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Измит, град југоисточно од Истанбул.

Во земјотресот што го погоди источниот град Ван во 2011 година загинаа повеќе од 500 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.