(ВИДЕО) Најмалку четири жртви во силен земјотрес во Турција

Најмалку четири лица загинале во силниот земјотрес кој во петокот доцна попладнето го погоди реонот на градот Сивриџе соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Во земјотресот загинаа четири лица, две во покраината Малатија и две во покраината Елазиг. Сивриџе сериозно настрада, спасувачките екипи се на пат“, изјави министерот Сојлу во програмата на телевизијата NTV и додаде дека во областа се уривале згради.

Според информациите новиот земјотрес која ја погоди  Турција бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала и истиот се случил во 17,55 минути по локално време. Епицентарот бил на 218 километри од турскиот град Газиамтеп и 34 километри од Елазгин.

Жителите во паника ги напуштиле своите домови, засега нема информации за штетите и евентуални жртви. Турската агенција за справување со природни катастрофи соопшти дека во погодените области се испратени веќе шатори и кебиња.

Турција се сместена на неколку големи раседи, па земјотресите не се реткост. Во 1999 година во земјотресот кој го погоди истокот на земјата со магнитуда од 7,4 степени, загинаа повеќе од 17.0000 луѓе.