(ВИДЕО) Најмалку еден загинат и шест повредени во екслозијата во хемиска фабрика во Каталонија

Најмалку едно лице загинало а уште шест други се повредени, од кои две се критично, во моќната експлозија која предизвика пожар во хемиска фабрика во шпанската провинција Тарагона, изјави во вторникот ноќта советникот за внатрешни работи на автономната покраина Каталонија, Микел Бук.

„Во моментов е потврдена една жртва, како резултат на ударниот бран од експлозијата. Едно лице е исчезнато. Шестмина се повредени со различен степен на сериозност“, изјави Бук за каталонското јавно радио.

Не можел да потврди дали исчезнатиот работник бил во фабричкиот комплекс во моментот на експлозијата. „Можеби не бил во фабриката кога се случила експлозијата“, додаде Бук.

Загинатиот локален жители починал како резултат на дејствието на ударниот бран по експлозијата, што довело до уривање на покривот од објектот, во близина на местото на несреќата.

Состојбата на двајца од настраданите се оценува како критична, едно е со среден степен на повреди, а три лица се здобиле со полесни повреди, соопшти каталонската служба за цивилна заштита.

Во областа на несреќата се очекува да пристигне каталонскиот претседател Ким Тора придружуван од неговиот заменик Пере Араагонес.

Во вторникот вечерта силна експлозија одекна во петрохемискиот комплекс IQOXE, каде што се прозиведуваат етилен оксид, гликоли и деривати на етилен оксид, во провинцијата Тарагона, на 115 километри јужно од Барселона. Службата за цивилна заштита соопшти дека нема токсичен облај во воздухот, но апелираше населението кое живее во близина да не излегува од домовите и да ги затворат прозорците и вратите како мерка на претпазливост.