ВИДЕО| Најмалку петмина загинати во терористички напад во Израел

Во бранот терористички напади во Израел во кој се убиени вкупно 11 лица, во вторникот напаѓач за кој се сомнева дека е од арапско потекло убил најмалку четири лица во Тел Авив пред и самиот да биде убиени, пренесе телевизијата Channel 12.

Според локалните медиуми, пукањето било пријавено во 20 часот по локално време во квартот Бнаи Брак на најмалку две локации, а прво по балкотните. Според весникот The Jerusalem Post, убиени се најмалку пет лица а уште едно е во критична состојба.

Една од жртвите е најдена мртва во автомобил, а уште две се пронајдени смртни застрелани на тротоар во близина на улицата ХаШнаим. Потоа уште едно лице е најдено мртво во соседна улица, а петтата жртва на напаѓачот е пренесена во болница во критична состојба.

Напаѓачот, според очевидци, управувал мотоцикл а неговото тело е пронајдено неколку блока подалеку од местата на нападите и тој не е израелски државјанин, објави локалниот портал N12. Уште едно лице е уапсено, под сомнение дека му помагало на напаѓачот.

Напаѓачот, чиј идентитет не се соопштува, е идентификуван како 27-годишник од селот Јабад во палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан). Според засега непотврдени информации во израелските медиуми, тој во минатото бил затворан

Арапски државјанин на Израел минатата седмица со нож и автомобил уби четири лица во јужниот град Бершеба, пред да биде убиен од вооружен случаен минувач. Израелските власти соопштија дека станува збор за симпатизер на џихадистичката организација Исламска држава.

Во неделата, на денот кога се одржуваше историскиот собир на претставниците на Израел и четирите арапски земји, арапски напаѓач од северто на државата уби двајца полицајци во јужниот град Хадера, на 50 километри од Тел Авиви. И тој беше убиен, а одговорноста ја презема Ислмаската држава.