ВИДЕО| Најмалку шест жртви во експлозија во Јемен

scene of a blast in Aden, Yemen, October 10, 2021. REUTERS/FAWAZ SALMAN

Најмалку шест лица ги загубија животите во експлозија која во неделата одекнала во јеменскиот јужен крајбрежен град Аден, објави регионалната телевизиска станица Al Arabiya.

Според податоците, уште најмалку седум случајни минувачи биле повредени во експлозијата.

Автомобилот-бомба бил детониран во квартот ал-Тавахи во центарот на Аден. Според сознанијата на телевизијата, експлозијата била насочена кон колона автомобили во којашто имало претставници на градските власти.

Цел на нападот, како што прецизира Al Arabiya, бил автомобилот со шефот на градската администрација на Аден, гувернерот Ахмед Ламлас. Покрај него, во колоната бил и јеменскиот министер за земјоделство Салем ал-Сукатри, но и двајцата функционери минале без повреди.

Според министерот за информации, Моамер ал-Иријани, жртвите се припадници на обезбедувањето на гувернерот Ламлас. Меѓу нив се и портпаролот на гувернерот и неговиот фотограф, шефот на неговото обезбедување и четврти член од неговата придружба, како и цивил, рекол извор од локалните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.