11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

(ВИДЕО) На масовниот протест во Минск полицијата уапси десетици демонстранти

Белоруската полиција денеска уапсила десетици луѓе во Минск за време на последниот антивладин протест, соопштија активисти за човекови права.

Протестите траат со месеци, од спорните претседателски избори одржани во август.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Минск, а полицијата користеше димни гранати за да ги растера насобраните, објавија неколку белоруски медиуми, пренесе Ројтерс.

Групата за човекови права Весна-96 објави дека досега се уапсени 70 лица.

Организаторите на протестот оваа недела побараа од луѓето да се соберат на различни места низ Минск пред да се формира поголема група луѓе, за да и биде потешко на полицијата да ги контролира.

ТАСС објави дека повеќе од десетина демонстранти биле уапсени во близина на метро-станицата Каменаја Горка во северозападниот дел на Минск.

Луѓето почнале да се кријат во блискиот трговски центар Грин Сити, во кој влегле околу 100, а потоа полицијата влезе во трговскиот центар.