(ВИДЕО) На местото на експлозијата во Нешвил најдени човечки останки

Истражителите кои работат во истрагата за големата експлозија во Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, нашле човечки останки, пренесува ноќта кон саботата по средноеврпско време агенцијата Associated Press, повикувајќи се на сопствени извори.

Истовремено телевизиската мрежа CNN, повикувајќи се на извори од истрагата, пренесе дека „можни“ човечки останки се најдени во близина на местото на експлозијата во Нешвил.

„Пронајдовме ткив, за кое веруваме дека би можело да биде останки (од човек).

Претходно, портпаролот на нешвилската полиција истакна дека истражителите не исклучуват дека некои лице можеби имало во кампер-возилото кое екслодираше во центарот на градот околу 6,30 часот утрото по локално време на првиот ден на католички Божик.

„Не знаеме дали имало некој во возилото во време на експлозијата. Во моменетов не можам да кажам колкава е веројатноста за четори настрадани лица и дало меѓу нив има загинати“, изјави претходно полицискиот портпарол Дон Арон на брифингот за новинарите повторувајќи ја информацијата за официјално тројца повредени кои се пренесени во болниците.

Идентитот и мотивите на сторителите засега остануваат непознати, додаде портпаролот. Истрагата ја презема Федералното биро за истраги (FBI), а покрај локалната полиција е вклучена и сојузната агенција за алкохол, тутун, огнено оружје и екпслозиви.

Камперското возило експлодирало на божикното утро во самиот центар на Нешвил по одбројување преку звучник, и тоа бил намерен акт, известо полицијата известувајќи за големи штети во престолнината на кантри музиката.

Во експлозијата е направена голема штета на фасадите на околните згради, испукани се прозорските стакла на многу станови, канцеларии и продавници. Експлозијата била почувствувана и неколку километри подалеку.

„Мислиме дека тоа била планирана операција“, рече портпаролот Арон. Мобилниот дом беше разнесен, па и доколку имало некој внатре, не можеме тоа да го дознаеме пред експертизата, тоа беше многу голема експлозија“, изјавил полицискиот началник Џон Дрејк посочувајќи дека се врши експертиза на најдените примероци.

Додаде дека експлозијата била „потполно изненадување“, бидејќи немало никакви закани и сознанија. Дрејк потврди дека пред експлозијата, агентите слушнале од возилото предупредување за претстојна експлозија.

Посочи дека малку пред експлозијата полициска патрола била повикана поради истрели и забележала сомнително кампер-возило паркирано пред зградата на телекомуникациската компанија „AT&T“.

Полициските службеници „слушнале снимка од внатрешноста на возилото“ со предупредување дека бомба ќе експлодира петнасеттина минути подоцна, појасни началникот на нешвилската полиција, Џон Дрејк.

„Евакуирајте се сега, овде има бомба. Бомбата во ова возило ќе експлодира“, говорел женски глас преку звучник, пренесува локалниот весник Tennessean, цитирајќи очевидци.

Тоа ѝ овозможило на полицијата да оди од врата до врата и да ги повикува жителите на околните згради да се евакуираат. Полицијата потоа на Twitter објави фотографија од возилот пред да се паркира на местото на ескплозијата и апелираше очевидците да се јават.

Неколку полициски екупи со кучиња трагачи ја пребарувале областа и не нашле знаци дека има уште поставени експлозивни направи. Пожарникарите ги прегледувале зафатените згради и барале можни жртви.

Властите не даваат други поединост за истрагата којашто е во тек. Повторуваат дека мотивот за експлозијата засега не е познат.

„Возилото експлодираше пред зградата на AT&T, не знаеме дали станува за случајност или намера“, изјави портпаролот на полицијата. Во експлозијата се оштетени инсталациите на американската телефонска компанија и некои клиенти во Нешвил и околината може да останат подолг период без услуги, објавија од AT&T.

„Ќе ги преземеме сите мерки граѓаните да бидат безбедни. Имавме многу среќа што има толку малку ранети. Штета што така започна божикното утро, но кое и да е друго утро во трговскиот кварт би имало многу повеќе луѓе, изјви градоначалникот на Нешвил, Џон Купер.