ВИДЕО| Најнов гаф на Бајден, се поздравува со воздух, не знае дали дошол или заминал

„Бајден не се ракува со никого“ или „Бајден, невидливо ракување“ е моментално жешката вест од светот која загрижи многумина. Со најновиот гаф Бајден се најде на насловните страници на медиумите.

Минатата недела, 79-годишниот претседател на САД изгледаше срамно за време на настанот на кој луѓето се собраа да разговараат со поранешниот претседател Барак Обама, кој ја посети Белата куќа за прв пат откако ја напушти функцијата.
Претседателот Џо Бајден беше оставен настрана со збунет израз на лицето пред да почне бесцелно да талка низ преполната сала.
Тој повторно изгледаше изгубено, откако го заврши својот говор во Северна Каролина за актуелната криза во синџирот на снабдување во земјата.

Како што изгледа на видеото, не се ракува со никого, бидејќи никој друг не стои до него на сцената. Погледна наоколу со збунет израз на лицето пред да почне да шета низ аудиториумот.