(ВИДЕО) На полуподморница во Панама заплените 5 тони кокаин

Пет тони кокаин се запленети на полуподморнциа во панамските територијални води, објави во средата панамската служба за поморско воздухипловство Senan.

Четворица Колубијци се уапсеми во операцијата изведен 300 киломтри северозападно од градот Панама, на карипскиот брег на покраината Бокас дел Торо, која граничи со Костарика.

Полуподморницата која е изработена рачно  е првото пловило од овој тип и со овој капаците за пренесување дроги кое е откриено во Панама, наведе панамското државно обвинителство.

Панама, којашто се наоѓа на криумчарската рута од Колумбија кон САД, минатата година оствари рекордна заплена на дроги од вкупно 91 тон, од кои 77,9 тони кокаин и 12,9 тони марихуана, се додава во соопштението на обвинителството.

Претходно во саботата во Костарика беа запленети 5,8 тони кокаин, сокраин во пратки со цвеќе пакувани за извоз во Холандија.