(ВИДЕО) На свадба падна хеликоптер со невестата

Хелекоптерот со невестата која леташе на сопствената свадба се урна и се запали во сојузната бразилска држава Сао Паоло, објави во неделата телевизискиот канал Globo TV.

За голема среќа и чудо, самата невеста не настрадала, но истовремено три лица коишто ја придружувале биле сериозно повредени. Сепак, и покрај инцидентот свадбата не била откажана, а невестатата до младоженецот била однесена со копнен транспорт.

Еден од очевидците изјавил дека хеликоптерот се затресол во воздухот и паднал на тлото непосредно пред слетувањето. Невестата и пилотот успеале да излезат и да избагаат од хеликоптерот.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата за многу кусо време, успеале да гио извлечат од леталот и преостанатите тројца патници. Потоа хеликоптерот за запалил, но исто така брзо пожарот бил изгаснат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.