ВИДЕО| На турнир во Сараево нападнати родители на деца од Белград – едно лице e избодено

Едно лице од Белград е повредено со нож во инцидент што се случил во хотел во сараевската населба Илиџа.

Како што пренесува Klix.ba, повикувајќи се на учесниците на настанот, нападнати биле група родители на млади фудбалери на ФК Звездара од Белград, кои учествуваат на меѓународен турнир.

Група од 10 до 15 маскирани луѓе влегле во хотелот во кој се наоѓале децата и нивните родители и со солзавец ги нападнале родителите на фудбалерите и се обиделе да им го украдат знамето.

Родителите ги следеле, но надвор ги пресретнала уште поголема група луѓе кои биле маскирани и имале факели и ножеви.

Потоа повторно биле нападнати родителите, а еден од нив бил повреден со нож. Дел од родителите за српските медиуми велат дека „доживеале пекол“.

„Ни рекоа: Само вас Србите ве чекавме. Што и да значи тоа, грдо е за ваков град. Децата плачеа по собите, едвај ги смиривме. Треба да играат игри. Овде сме поради нив, не дојдовме да правиме инциденти вели еден од сведоците кој дополнува дека брозо дошел специјалци и ја расчистиле ситуацијата.

Од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево потврдија дека се случил инцидент, но без да наведат детали.

„Полицијата е известена дека на подрачјето на Илиџа има нарушување на јавниот ред и мир и дека едно лице е повредено, според првичните информации, со остар предмет и е пренесено за лекарска помош. Неговиот живот не е во опасност“, изјави портпаролот на МУП КС Мирза Хаџиабдиќ.

Според него, полицијата работи на расветлување на сите околности поврзани со овој настан.