(Видео)„Нацистички“ авион се урна на автопат во Калифорнија

Постар авион со нацистички  ознаки се урнал автопат во американскиот град Агура Хилс во државата Калифорнија и се  запалил, пишува РТ. Пилотот на авионот, наводено не е повреден, а околностите во која се случила несреќата засега не се познати.

Инцидентот предизвика голема гужва на автопатот 101, а локалните власти ги повикаа граѓаните да го избегнуваат делот од патот каде се случила несреќата.

Според фотографиите и сведоштвата, авионот, при падот авионот со едното крило го закачил граничникот меѓу двете автопатски ленти. Леталото веднаш се запалило бидејќи од силината на ударот се дупнал резервоарот за гориво. Не е познато дали авионот паднал за време на ризично слетување. Освен пилотото немало никој друг во авионот.

Во првите извештаи се вели дека станува збор за германскиот авион Focke-Wulf Fw 190, додека други велат дека тоа е американски T-6 Texan,  кој е насликан да изгледа како нацистички авион. Двата авиони се слични па првично не е можно да се каже точно за кој модел се работи.