ВИДЕО| Над 50 лица повредени во инцидентите во општина Звечан во Косово, медиуми тврдат дека КФОР ги нападнал српските граѓани

Над 53 повредени има денеска во судирите во северно Косово. Граѓаните извикуваа „Србија, Србија“, собрани пред општината Звечан.Според Косово онлајн, еден млад човек е тешко повреден од огнено оружје, откако припадници на КФОР употребиле шок бомби, а со огнено оружје пукале и припадници на косовската полиција.

Бета пренесе дека КФОР побарал да се расчисти преминот за возилата на специјалната единица на косовската полиција и Србите да го напуштат местото пред општината, но српските граѓани не го дозволиле и покрај повиците на Српската листа. Според некои медиуми, припадниците на КФОР се обиделе насилно да ги вовлечат претставниците на Српската листа во својот кордон, а потоа следеле шок бомби и бил фрлен многу солзавец. Чад ги покрил улиците кои водат до општинската зграда.

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави денес дека западните земји се согласни дека е потребно да се деескалира ситуацијата на северот.

Србите ги бојкотираа изборите, а градоначалниците од албанска националност ги сметаат за нелегитимни. Тие бараат формирање на Заедница на српски општини.

Двајцата повредени во судирите веднаш се пренесени во КБЦ Косовска Митровица, откако припадници на мисијата на НАТО ги нападнале додека мирно седеле пред општината Звечан.

Доктор Златан Елек, директор на КБЦ во Косовска Митровица, за „Новости“ вели дека повеќе од 50 граѓани дошле во оваа здравствена установа со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција, откако Србите собрани во Звечан биле нападнати од КФОР и косовската полиција. Еден маж моментално е во операциона сала и лекарите се борат за неговиот живот. Според нивните информации тој има прострелна рана во пределот на карлицата. Едно лице кое е тешко повредено во моментов е на дијагностика. А, меѓу повредените е и доктор Драгиша Миловиќ, претседателот на општина Звечан, кој беше погоден во пределот на градниот кош, но не се знае од што.

Неколку амбулантни возила се паркирани во центарот и пружаат прва помош на повредени од солзавец.

Само неколку минути пред тоа, Игор Симиќ, претставник на Српската листа, ги повика граѓаните, кои се повеќе од илјада, собрани пред зградата на општината во Звечан, мирно да седнат на земја, со кренати раце. .

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одржа говор веднаш по инцидентите и кажа дека во локалните Срби пукале припадници на косовската полиција, а не КФОР. Вучиќ кажа дека директно одоговорен за инцидентите и Албин Курти. Дополнително српската аримија вечерва заземала нови позиции во близина на границата со Косово.

Инцидентите започнаа од петокот, откако градоначалниците Албанци требаше да стапат на функција во северно Косово.

Околу 25 војници распоредени во мировната мисија на НАТО, КФОР во Косово се повредени денеска во судирите со српски демонстранти кои бараа смена на неодамна избраните градоначалници етнички Албанци, соопшти КФОР.

„Додека се спротивставуваа… неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР беа цел на неиспровоцирани напади и се здобија со скршеници и изгореници поради експлозија на запаливи средства“, се вели во соопштението на КФОР.

НАТО остро ги осуди „неиспровоцираните напади“ врз трупите на КФОР, додавајќи дека „таквите напади се целосно неприфатливи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.