(ВИДЕО) Надал: Ова е повеќе од сон

33

Рафаел Надал е неприкосновен на земјата на Ролан Гарос. Шпанецот ја освои 13. титула на парискиот грен-слем победувајќи го во финалето Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 во сетови. Среќен што повторно е на тенискиот терен, Надал во емотивното обраќање на доделувањето на пехарот порача дека направил повеќе од тоа за што сонувал.

„Чест ми е што го делам теренот со противник како што е Нова Ѓоковиќ. Имавме тешки битки низ годините. Се надевам дека ќе се среќаваме уште многу пати во следните години. За мене победата овде не е сон. Ова е нешто поголемо од сите мои замисли“ – вели Надал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.