(ВИДЕО) Најдени остатоците од урнатиот ирански авион кој удрил во врв на планина

420

Иранските служби за пребарување и спасувања успеале да ги пронајдат остатоците од патничкиот авион во кој според последните инфромации имало 65 лица, изјави во вторникот портпаролот на воените сили, прецизирајќи дека леталото се урнало откако удрло во врвот на планина.

Сите 65 патници и членови на екипажот загинале кога авионот од типот „ ATR 72-500“ на иранската полуприватна воздухопловна компанија „Aseman Airlines“ во неделата утрото се урнал во планинската област Дена близу градот Семиром во југозападната покраина Исфахан. Вкупниот број на жртвите е коригиран од 66 на 65 отако е утврдено дека еден патник не се качил на летото.

Авионот исчезнал од радарите 20-ина минути по пoлетувањето на техеранскиот аеродром „Мехрабад“. Остатоците биле откриени со помош на воен дрон, изјавил портпаролот на Револуционерната гарда, бригадниот генерал Рамезан Шариф преицизрајќи дека трупот на авионот е скршен на неколку парчиња, како и дека се воочени тела на настраданите.

„Два хеликоптера се испратени на координатите кој ги лоцираше дронот и остатоците се најдени. Авионот го погодил врвот на планината пред да падне 30 метри под врвот“, изјаив Шариф за иранската државна телевизија.

По неколкудневното очекување остатоците од авионот да бидат лоцирани и дефинитивно да биде потврдено загинувањето на сите патници и членови на екипажот, семејствата на настраданите ќе мора да чекаат уште неколку дена на нивните тела, бидејќи хеликоптерите не може да слетаат поради тешко пристапниот терен.

Стотина лица демоснтрираа во понеделникот пред канцеларијата на локалните власти воокругот Дена Коох, барајќи функционерите да отстапат од покраината поради погрешната објава од понеделникот дека остатоците се најдени, којашто потоа беше повлечена.

Воздухопловната компанија „Aseman Airlines“ е на црната листа на Европската комисија, на којашто се наоѓаат компаниите коишто оперираат со небезбедни авиони,.

Во Иран последните десетина години се случија неколку големи воздухопловни несреќи, во прв ред поради тоа што земјата не можеше да купува нови авиони ниту резервни делови од Западот, поради меѓународните санкции на коишто инсистираа западните земји. Воздухопловната компанија е под американско ембарго од 1995 година и компаниите не можат да купуваат цивилни авиони и резервни делови за постојните, па дел од флотата е приземјен со години.

Откако во 2015 година беше постигнат нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили, со што беа укинати дел од децениските економски санкции, Техеран склучи договори со компаниите „Airbus“ и „Boeing“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.