(ВИДЕО) Најголемиот авион во светот го изведе пробниот лет

Компанијата „Stratolaunch Systems“ го извела во саботата на западот од САД првиот пробен лет на најголемиот авион во светот наречен едноставно „Stratolaunch“, наменет за лансирања транспортни ракети.

Како што објавија фоторепортерите Мет Харман и Џек Бејер на своите профили на социјалните мрежи, пробниот лет бил изведен над пустината Мохаве во сојузната држава Калифорнија.

Леталото полетало од аеродром недалеку од Лос Анџелес. Астрофизичарот на американската агенција за вселенски истражувања NASA, Томас Цурбухен, истакна дека станува збор за историски настан за тимот кој работи на развојот на овој авион. „Се работи за тоа да биде испратен до работ на Вселената и понатаму“, напиша научникот.

Компанијата „Stratolaunch Systems“ во чијашто сопственост е авиони, првично во саботата не објави никакви информации за пробниот лет. На профилот на Twitter компанија сѐ уште не објави информации за летот, за брзината и за височината кои биле достигнати во текот на тестирањето.

Компанијата „Stratolaunch Systems“ подоцна во неделата ги сподели деталите за првиот лет на најголемиот авион во светот, преку официјално соопштение за медиумите објавено на веб-страницата на корпорацијата. Така, авионот развил максимална брзина од 304 километри на час и се искачил на височина од повеќе од пет километри. Летот траел два ипол часа. За време на тестовите, пилотите ги оцениле летачките карактеристики на авионот, неговата контрола, а исто така тестирале и разни системи за контрола.

Авионот „Stratolaunch“ се состои од две тела со должина од по 72 метри, кои ги соединува заедничко крило долго 117 метри. Леталото е опремено со шест мотори од произведувачот „Pratt&Whitney“. Масата изнесува 250 тони, а со полн товар околу 590 тони. Движењето по пистата се одвива со помош на шасија со 28 тркала.

Компанијата „Stratolaunch Systems“ е формирана во 2011 година од страна на американскиот милијардер Пол Ален, еден од основачите на технолошката корппорација „Microsoft“. Ален почина минатата 2018-та, на 65-годишна возраст по борбата со рак.

Авионот „Stratolaunch“ е создаден како воздушна платформа за лансирање на ракетите носачи од моделот „Pegasus XL“, наменети за воведувње на сателитите во орбитата. Се претпоставува дека во првата фаза авионот ќе носи една ракета, а во иднина ќе може да понесе до три ракети кои ќе бидат фиксирани на дното од трупот на авионот. По достигнувањето на предвидената височина од 9.000 метри, ракетата ќе биде лансирана, потоа ќе го вклучи нејзиниот мотор, по што ракетата носач ќе го доведе сателитот во орбитата.

Според димензиите „Stratolaunch“ го надминува другиот американски авион наречен „H-4 Hercules“, уникатен прототип на стратешки транспортен авион изграден речиси целосно од дрво во 1947 година кој извел само еден лет пред да замине во музеј. Должната на овој авион со осум мотори изнесува 66 метри, а распонот на крилата 97 метри, а тежи 113,4 тони.