ВИДЕО: Најголемиот и најопасниот собир на Ал Каеда

На Интернет се појавила снимка од најголемиот и најопасен собир на припадници на Ал каеда во последните неколку години.

Снимката неодамна била постирана на неколку џихадистички сајтови што го привлекло вниманието на американските државници и експерти за тероризам. Според нив, снимката е автентична.

„Извонредното видео“ го прикажува Назир Ал Вухаши, вториот човек во хиерархијата на Ал каеда на глобално ниво и шеф на терористичката организација на Арапскиот Полуостров, „како им се обраќа на повеќе од стотина „борци“ некаде во Јемен“, изјавил американскиот аналитичар за тероризам Пол Крукшенк.

„Американската разузнавачка заедница би требало да се замисли како толку голема група на припадници на Ал каеда, вклучувајќи ги и водачите, успеале да се соберат, без никој од американските разузнавачи да го забележи тоа“, изјавил експертот за национална безбедност Питер Берген.

Во видеото, Ал Вухаши порачува дека сака да ги нападне САД и дека не се плаши од можните последици.