(ВИДЕО) Најмалку 12 мртви во самоубиствен напад на изборен митинг во Пакистан

Најмалку 12 лица се убиени, меѓу кои и влијателен локален политичар, а педесетина се ранети во вторникот ноќта во самоубиствен бомбашки напад на предизборен митинг во Пешавар во покраината Кибер-Пактунква, објави пакистанската полиција.

Нападот е изведен во текот на средбата на антиталибанската партија Националната партија Авами (ANP), групација којашто и претходно беше цела на нападите од исламистите поради нејзиното противење на талибаните.

Меѓу загинатите е и кандидатот на оваа партија, Харун Билур. Високиот полициски функционер Каукаб Фаруки потврдил за медиумите дека овој кандидат е убиен во нападот.

Харун Билур пропаѓал на влијателно политичко семејство во пакистанската покраина чиј главен град е Пешаваер. Неговиот татко Башир Билур, исто така, е познат политичар, а и исто така беше убиен во самоубиствен напад во 2013 година, кога оваа антиталибанска партија беше цел на серија напади.