(ВИДЕО) Најмалку 13 загинати во пожарот на авионот на московскиот аеродром

Најмалку 13 луѓе, меѓу кои две деца, загинале а судбината на дел од патниците не е позната, во пожарот кој го зафати во неделата попладнето патничкиот авион од типот „Sukhoi Superjet 100“ кој извршил принудно слетување на московскиот аеродром „Шереметјево“.

Министерството за здравство соопшти дека уште осум луѓе се повредени, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

Според првичните сознанија, во авионот имали 73 патници и пет членови на екипажот.

Авионот „ Sukhoi Superjet 100“, кој летал од Москва за Мурманск, итно се вратил во неделата вечерта по локално време на аеродромот „Шереметјево“ каде што извршил принудно слетување по 28 минути летање. Поради неповолните временски услови кои владееле во овој дел на руската престолнина, принудното атерирање успеало од вториот обид, при што се скршил стојниот трап и при што се запалиле моторите.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.