Вкупно тринаесет лица се загинати, седум на самото место на несреќата, а шест подлегнале на повредите во болница, во превртувањето на автобусот во средата попладнто на Скопје-Тетово кај Карпалакм, во близина на селото Ласкарци, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Како што изјави Филипче, кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.
„Во Гратската општа болница 8-ми Септември примени се 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , четири се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар се примени пет пациенти, тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба“, истакна Филипче од болницата „8-ми Септември“
Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.
Автобусот се обраќал на релација Скопје – Гостивар, и се преврте во близината на селото Ласкарци. Неофицијално, станува збор за автобус на претпријатието „Дурмо турс“, кој превезувал работници од Скопје кон нивните живеалишта во гостиварско.
Во акцијата за спасување на патниците од автобусот, освен капацитетите на државните болници, биле вклучени и болничките возила на Неуромедика и Систина.
Одговарајќи на новинарско прашање дали возачот имал инфаркт, што се шпекулираше дека било причина за несреќата, министерот Филипче рече дека полицијата веќе разговарала со возачот на автобусот и тие треба да кажат повеќе информации.
Јавен обвинител сѐ уште врши увид на местото на несреќата изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски, кој најави дека увидот ќе продолжи и во текот на ноќта и утре.