(Видео) Најмалку двајца загинати во експлозија на цистерна во Болоња

293

Најмалку двајца загинаа, а преку 50 се повредени, од кои 14 сериозно во серија експлозии на автопат во Болоња.

Трагедијата се случила кога цистерна која превезувала запалив материјал експлодирала по судир со автомобили на периферијата на Болоња, во близина на аеродромот.
Експлозијата на цистерната најверојатно ја предизвикал автомобил кој учествувал во судир, па и тој екплодирал.

Според медиумите, густ и црн чад се издига над автопатот и истиот се гледа од целиот град. Пожарникарите се на терен, а сообраќајот е блокиран во двата правци.

Оштетени се прозорци на околните згради, а уништени се десетина автомобили во блискиот сервис за возила, како и неколку возила на патот, кои биле зафатени од огнот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.