ВИДЕО: Најмладиот и набрзиот освојувач на Јужниот пол

Паркер Лојтауд, 19-годишен студент е најмалдиот  човек, кој некогаш стигнал до Јужниот Пол и тоа за само 18 дена, што е уште еден рекорд, за најбрзо патување.

Деветнаесетгодишното момче на јужниот „врв на Земјата“ стигна на Бадник, само по 18 денови и со тоа го собори рекордот, кој го држеше Норвежанецот, Кристијан Еиде кој стигна на целта за 24 дена.

Опремен со најдобра зимска опрема, на пат тргнал од брегот на Антарктикот.Откако стигнал на саканата дестинација изјави дека патувањето за него бил ментален предизвик.

Лојтауд не патувал сам. Друштво му правел неговиот пријател Даг Стоуп.

Тој изјави дека изминатите денови изгубил десет килограми, а јадел само ореви и сува храна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.