ВИДЕО: Најскапите видео записи во историјата на музика

129

Еден музички спот може да ја врвне или да ја уништи кариерата на музичарите, а тие многу добро го знаат тоа. Сакајќи себеси да се постават на врвот на листата на најдобрите и најуспешните, пејачите и музичарите не штедат кога се работи за снимање на спот.

Стремејќи се за подобар квалитет, поголема популарснот и позитивни коментари, кои ќе придонесат за зголемување на бројот на обожаватели, пејачите трошат милиони на своите спотови, секој поскап, поразличен, поуникатен,позабавен, поегзотичен или ексцентричен.

Ова е листата на седумте најскапи музички спотови кои се снимени:

Michael и Janet Jackson, “Scream” (1995)- 7 милиони долари

Britney Spears, “Work B…” (2013)- 6,5 милиони долари

Madonna, “Die another day” (2002)- 6,1 милиони долари

Madonna, “Express yourself” (1989)- 5 милиони долари

Madonna, “Bedtime Story” (1995)- 5 милиони долари

Michael Jackson, “Black or White” (1991)- 4 милиони долари

Puff Daddy, “Victory” (1998)- 2.7 милиони долари

 

На листата доминираат покојниот Мајкл Џексон и Мадона, па не ни чудно што ги нарекуваат кралот и кралицата на попот. Очигледно дека тие ја откриле тајната на успехот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.