(ВИДЕО) Најстарата жена во Боливија, веројатно и на светот, го прослави 118-от роденден

Најстарата жена во  Боливија, а веројатно и на светот, во петокот го одбележала 118-от роденден на кој и натаму се покажала многуи луцидна и со добро здравје, соопштија властите во оваа јужноамериканска земја.

Хулија Флорес е родена во 1900 година во локално кечуанско семејство во регионот Потоси, на југот од Боливија. Позната како „Мама Хулија“, Флроес го прослави роденденот со членовите на семејството и пријателите, а дошле да и’ честитаат и претставници на локалните власти во Сакаба, градот во кој живее.

Во Боливија, каде што очекуваната животна возраст изнесува 71 година, Флорес претставува исклучок од правилата. Облечена во традиционална кечуанска облека, со бело сомбреро, Флорес на својата забава свирела на „чаранго“, традиционално за Андите, и се облажила со тортата.

Боливиските Анди се веќе познатио по стогодишниците, а еден од нив е Кармело Флорес, кој не е во род со „Мама Хулија“, имаше 123 години кога почина, но возраста не му беше официјално признаена.

Доколку беше признаена ќе беше најстариот човек кој живеел на планетата. Официјално засега единствена личност која живеела до 120 години, а за која постојат документи е Французинката Жана Луиза Калман која живеела 122 години, пет месеци и 164 дена. Калман почина во 1997 година.

Меѓутоа кон крајот на април 2016 година, беше објавено дека Виетнамката Н’гујен Ти Тру, којашто има 122 години, е потврдена како најстарата жена на светот, според директорот на Гинисовата книга на рекордите, со што таа официјално ја презема „титулата“ од Јапонката Мисао Окава којашто почина на 1-ви април истата година на возраст од 117 години, а само седмица подоцна почина и Американската Гертруд Вивер, којашто со своите 116 години на кусо беше најстара жена и воено личност на планетата.

По деталното проверување Н’гујен Ти Тру од градот Хо Ши Мин, официјално на 20-ти април 2016 година е прогласена за најстариот жител на планетата Земја. Родена 1893 година, Тру во своите 40-ти години го родила своето најмладо дете, синот кој неодамна починал на 72 години.

На 11-ти јуни 2014 година беше објавено дека Кармело Флорес, кој според боливиските власти беше најстариот човек на планетата, починал во 124 година од животот во болница во Ла Паз. Кармело Флорес, припадник на домородната индијанска заедница Аимара, официјално е роден на 16-ти јули 1890 година. Живеел на надморска височина од 4.000 метри во зафрленото селце Фраскиа, западно од Ла Паз, во близина на езерото Титикака, хранејќи се со житарките кои успеваат на Андите и пиејќи исклучиво изворска вода. Селскиот лекар, Адалберто Сегалес истакна тогаш дека старецот „боледувал од дијабетес”, како и дека последниот период му се влошила здравствената состојба. Зад себе остави син, 14 внуци и 39 правнуци.

Носител на титулата најстар човек на светот со 117 години верификувано од Гинисовата книга на рекордите, му припаѓаше претходно на Јапонецот Џироемон Кимура роден на 19-ти април 1897 година кој во јуни 2013 година почина од старост.

Кон крајот на јули 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.

Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук на една старица, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата. Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврди дека починатата имала навршено 136 години од животот.

Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади).