Пресмаи Петел од Индија тврди дека е роден во1896 година, што значи дека има 118 години.
Доколку е ова точно, тој е најстариот човек во светот.
Пресмаи вели дека за здравјето најважна е исхраната.Речиси никогаш не јадел месо, но зелениот зеленчук не го пропушта.
– Мојата исхрана е едноставна, секогаш јадам свеж зеленчук, а месо и риба воопшто не јадам – вели старецот.
Индиецот поседува документ од индиските власти во кој пишува дека навистина е роден во 1896. година.