(ВИДЕО) Нападнати два танкера во Оманскиот залив

Два танкера се нападнати во четвртокот во Оманскиот залив, а нивните екипажи се евакуирани, соопштија бродарските и поморските власти, додека во тек е истрага за овие инциденти.

Норвешката поморска агенција потврди напад на нафтенниот танкер „Front Altair“ во норвешка сопственист и соопшти дека добила известување за три експлозии на бродот. Според податоците на агенцијата, екипажот е безбедно евакуиран и никој не е повреден, а танкерот наводно сѐ уште гори.

„Она што можам да го кажам е дека сите 23 членови на екипажот се добро. Тие се префрлени на друг брод“, рекол портпаролот на компанијата „Frontline“, норвешкиот сопственик на танкерот за дневникот VG во Осло. Додал дека меѓу членовите на екипажот нема Норвежани и дека повеќето се од Русија, Грузија и Филипини.

Танкерот кој плови под знамето на Маршалските острови изгараден е во 2016 година и е дел од флотилата на „Frontline“ компанија којашто е во сопственост на Норвежанецот Џон Фредерискен.

Танкерот „Front Altair“ наводно бил танкиран со нафта во Фуџаира, пристаниште во Обединетите Арапски Емирати, каде што минатиот месец беа пријавени напади врз четири танкери, од кои два на Саудиска Арабија. За тогашниот инцидент САД го обвинија Иран, односно неговата Гарда на чуварите на исламската револуција.

Вториот нападнат танкер е „Kokuka Courageous“ кој превезувал метанол, соопшти јапонска компанија. Неговиот 21-член екипаж, кој го сочинувале исклучиво Филипинци, морале да го напуштат бродот, но набрзи ги спасил брод кој бил во близина.

Иранската новинска агенција IRNA, повикувајќи се на неименуван извор, извести дека иранските тимови за пребарување и спасување спасиле 44 морнари од двата оштетени танкера. Морнарите се преферлени на безбедно во иранското пристаниште Јаск, наведува агенцијата.

Американската Петта флота примила рано утрото во четвртокот два повика за помош од танкери во Оманскиот залив, кои биле цели на напад, „Добивме информации за напад на танкери во Оманскиот залив. Американските поморски сили во регионот примиле два одвоени повика за помош“, соопшти Петтата флота чиешто седиште е во Бахреин.

Портпаролот на британската премиерка во заминување Тереза Меј, рекол дека Лондон е запознаен со извештаите за два танкера кои се погодини и во моментов се обидува да се утврдат сите факти. Британската поморска агенција извести претходно во четвртокот дека заедно со своите сојузници го истражува инциедентот во Оманскиот залив.