ВИДЕО: Направете сами маичка со натпис

За сами да направите маичка со напис или пак со принт, потребна ви е еднобојна маица, испечатена слика или напис на хартија, ацетон, лажица, памучна крпа или памук и хартиена леплива лента.

Посакуваната фотографија испечатете ја на хартија, а маичката ставете ја на маса или на некоја рамна површина, раширете ја и порамнете ја. Испечатената фотографија ставете ја на маицата, на местото каде што сакате да се отпечати, а краевите од хартијата залепете ги со хартиена леплива лента, за хартијата да не ви се поместува.

Памучната крпа или памукот натопете го со ацетон, а потоа премачкајте ја хартијата (оној дел од хартијата каде се наоѓа фотографијата или написот). Со долната страна од лажицата полека преминете преку хартијата, а потоа полека отстранете ја хартијата од маицата.

За детално упатство погледнете го видеото: