(ВИДЕО) NASA го покажа „животот“ на Сонцето во десет години

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави едночасовно видео во кое астрономите комбинирале снимки од Сонцето, собрани во декот на десетгодишните набљудувања.

Во споменатиот период научниците собрале повеќе од дваесет милиони гигабајти податоци, кои ја прикажуваат состојбата на сончевата корона.

Вкупно разните вселенски сонди и уреди направиле околу 425 милиони снимки на Сонцето на бранова должина од 17,1 нанометар.

Видеото ги доловува зголемувањата и стивнувањата на активностите на ѕвездата, коишто се одвиваат во текот на 11-годишниот циклус. Се забележуваат и темни кадри, кои се случиле кога оптиките на опсерваториите на сончевата динамика биле помрачувани од Земјата и Месечината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.