(ВИДЕО) Насер Зибери е изборот на ДУИ за премиер

Насер Зибери е кандидатот на ДУИ за првиот албански премиер на Македонија. Тој е политичар кој зад себе има три пратенички мандати, а беше и министер за труд и социјална политика.

Тој денеска ѝ се обрати на јавноста од Преспа каде што партијата на Али Ахмети одржа промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Неговата политичка кариера главно се поврзува со партијата ПДП, а во моментов работи како нотар.

Во продолжение, проследете го неговиот настап.