(ВИДЕО) Наскоро, телевизиска премиера на секс скандалот Левински – Клинтон

Популарната ТВ-серија „American Crime Story“ во третата сезона ќе се занимава со секс аферата меѓу поранешниот претседател на САД Бил Клинтон и стажантката во Белата куќа Моника Левински.

Guardian објави дека Левински исто така ќе биде продуцентка на сезоната за еден од најголемите политички скандали во историјата на САД за врската што се одвивала во перидот од 1995 до 1997 година, а беше откриена во 1998 година.

Снимањето на новата сезона насловена „Impeachment“ треба да почне во февруари, 2020 година, а премиерата на првата епизода е планирана на 27 септември, 2020 година.

Моника Левински ќе ја игра Бини Фелдстин, а Линда Тип, работена во Белата куќа која ги снимала разговорите со неа и помогна во разоткривањето на аферата што фрли дамка на кариерата на Клинтон, ќе ја игра Сара Полсон.

Првите две сезони на серијата „American Crime Story“ исто така беа инспирирани од вистински настани од поновата историја на САД.