(ВИДЕО) Научниците усвоија нова дефиниција за килограмот

Киблеов механизам

Претставници на повеќе од педесет земји на конференцијата во Версај, недалеку од француската престолнина Париз, едногласно ја усвоија новата дефиниција на килограмот.

Од 20-ти мај следната година, меѓународната единица за маса нема повеќе да се заснова на „меѓународниот прототип на килограмот“, односно цилиндариот од платина и иридиум кој се држи во сеф во Меѓународното биро за тежини и мерки во Севр, близу Париз.

Досегашната дефиниција на килограмот потекнува од 1889 година и сите современи единици за масата се изведуваат од него, од микрогамите кај лековите до килограм јаболка или крушки, до тони челик или цемент.

Проблемот со „меѓународниот прототип на килограмот“ е што нема секогаш еднаква тежина, бидејќи и во трите страклени ѕвона е прашинкав и валкан, и на него има влијание атмосферата. Научниците поради тоа одлучиле дека „меѓународниот прототип на килограмот“ треба да го дефинираат врз основа на пресметка на Планковата константа, една од клучните константи којашто го изразува односот во квантната физика меѓу енергијата и зачестеноста на честичките како што се фотоните.

Исто како што редефиницијата на секундата во 1967 година помогна во подобрувањето на комуникациите во светот преку технологиите како што се GPS и интернетот, експертите велат дека промената на килограмот ќе биде подобра за технологијата, трговијата и здравјето, иако веројатно нема позначително да ги промени цените на продуктите.

Новата дефиниција е добиена со помош на уредот кој се нарекува Киблеов механизам, а со чијашто помош споменатите константи ја одредуваат масата на некој предмет, користејќи прецизно измерената електромагнетна сила.

„Денешната одлука претставува пресвртница во дефиницијата на единиците во меѓународниот систем“, изјави Себастиен Кандел, претседател на Француската академија на науките.

На крајот од цела седмица долгиот состанок во Версај, најголемите светски експерти за мерки на крајот дадоа зелено светло „електронскиот килограм“ да биде новата основа за единицата за масата. Иако поголемата прецизност ќе биде добра за научниците, за просечниот потрошувач кој купува продукти, како на пример брашно или банани, нема да има апсолутно никакви промени, истакнуваат научниците.