(ВИДЕО) Навални пак беше уапсен, но и брзо ослободен

Откако во јавноста се појавија информации дека во акција на неговиот центар за против корупција е уапсен лидерот на опозицијата Алексеј Навални, портпаролката Кира Јармиш информираше дека тој набрзо бил ослободен.

Според информациите на „Дојче веле“, полицијата наводно ја координирала акцијата во времето кога се снимала епизодата на шоуто на Навални која се емитува на Јутјуб, за таа да не може да се објави.

Минатонеделната епизода, во која Навални зборуваше за пукањето пред Федералната служба за безбедност (ФСБ) и прес-конференцијата на Путин, имаше 1,5 милиони прегледи, што е рекордна бројка.

– Не им се допадна успехот на оваа епизода. Ако ни ги претресат канцелариите, тие можат да ја конфискуваат нашата техничка опрема, за потоа да не може да се сними епизодата – додала Јармиш.

Прочитајте и…  Роковите сѐ поблиску, изборите сѐ подалеку

Според „Дојче веле“, причина за рацијата била реакцијата на Навални за присилната регрутација на неговиот соработник Руслан Шавединов, кој беше испратен на Арктикот да служи војска.

Во прилог, тајната снимка од акцијата на надлежните во која претходно беше уапсен Алексеј Навални.