(ВИДЕО) Навивачи приведени поради секс на стадион- снимката се појави во јавност

Двајца навивачи на НФЛ тимот Филаделфија Иглс се приведени поради секс на јавно место, а се тоа се случуваше во текот на мечот на нивниот клуб против Каролина Пантерс.

Иглс славеа со 21:19, а полицајците на стадионот во текот на мечот добиле дојава дека непознати маж и девојка имаат сексуален однос во тоалетот. Полицијата по приведувањето соопшти дека нема докази дека имале секс, но очевидци тврдат дека имало полов однос.

Како и да е, навивачот и навивалката на Иглс се казнети и без докази за секс, затоа што го прекршиле правилото според кое две лица од различен пол не смеат да бидат заедно во кабина.

Набрзо на социјалните мрежи се појави и снимка од она што се случувало.