(ВИДЕО) Навивачите на Денвер го поздравија Јокиќ со „МВП, МВП, МВП“

Победата на Денвер нагетс од 119:109 над Орландо меџик за прв оваа сезона ја проследија и навивачи на трибините. Во „Бол“ арената во Денвер имаше 4.050 навивачи кои во живо го следеа шоуто на Никола Јокиќ.

Центарот на Денвер натпреварот го заврши со 17 поени и дури 16 асистенции, а навивачите по натпреварот јасно кажаа што мислат за неговите игри сеознава и му скандираа.
„МВП, МВП,МВП“.

Никола Јокиќ на средбата против Орландо го собори рекордот кој досега беше во сопственост на легендарниот Вилт Чембрлен кога станува збор за центрите. Центарот на Денвер по 81. пат во кариерата има 10 или повеќе асистенции на еден натпревар, додека Чембрлен остана на 80. натпревари со вакво достигнување.