(ВИДЕО) Навивачите на Ливерпул во Барселона фрлија во фонтана локалци и туристи

Навивачите на англиски Ливерпул кој вечерва го игра првиот полуфинален дуел во Лигата на шампионите против домашната Барселона, предизвикале безредија на еден од главните плоштади во каталонската престолнина, пренесуваат медиумите.

Според британскиот таблоид Metro, навивачите на англискиот клуб ги фрлале локалните работници и туристи во фонтана. Притоа се наведува дека полицијата во Барселона уапселе шест навивачи на Ливерпул кои нападнале персонал во еден од хотелите во градот.

На интернет, исто така, се појави видео на кое се гледа како група навивачи фрлаат маж од азиско потекло во фонтана и се смеат над несреќникот.