(ВИДЕО) НБА се врати: Дејвис брилјантен, Леброн со кош на 12 секунди го реши дербито

Најсилната кошаркарска лига НБА по пауза од скоро пет месеци се врати и се рестартираше во Дизниленд (Флорида), па скратената сезона која ќе ја доигруваат 22 тима, тргна со драматично дерби во кое ЛА Лејкерс со 103-101 беа подобри од ЛА Клиперс.

Брилјираше Ентони Дејвис со 34 поени, осум скока и четири асистении на мечот, во кој првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс постигна кош на 12 секунди пред крајот и го обезбеди триумфот. Леброн запиша 16 поени, 11 скока и седум асистенции, а 16 поени имаше и Кузма, додека кај Клиперс,

Пол Џорџ со 30 поени беше прв стрелец. Лејкерс со победата останува лидер на Западот со скор 50-14, додека Клиперс се при врвот со скор 44-21.

Во вториот синоќешен меч, исто така неизвесен и драматичен, Јута џез со 106-104 го победи Њу Орлеанс Пеликанс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.