(ВИДЕО) НБА ѕвезда Џеј Ар Смит брутално претепа момче за време на протестите во САД

Џеј Ар Смит кој со Кливленд стана и НБА шампион, претепа учесник на протестите во САД поради убиството на Џордан Флојд.

Во САД има големи немири откако полицаец го уби црномурестиот Џордан Флојд, речиси во секој дел на земјата има нереди.

Се појави видео во кое славниот кошаркар Џеј Ар Смит брутално тепа момче.

Наводно момчето го скршило прозорецот од неговата кола, а тоа го разбеснило кошаркарот кој без милост го шутираше дечкото додека не беше спречен од своите пријатели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.