(ВИДЕО) НБРМ објави едукативни видеa за финансиска писменост

Народната банка на Република Македонија објави уште едни едукативно видео од серијата анимирани видеа на тема „Со Народната банка во светот на финансиите”. Последниот видеоматеријал е едукација за плаќање со мобилен телефон , а е изработено со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Видеото е биде достапно на веб-страницата на Народната банка и на страниците на Народната банка на социјалните мрежи.

Од НБРМ велат дека целта на објавувањето на овие едукативни видеа е да се придонесе во јакнењето на финансиската писменост на граѓаните.