(ВИДЕО) Неколку илјади на антирасистички протест во Париз, избувнаа безредија

Неколку илјади демонстранти се собраа во саботата во центарот на Париз на протестот против расизмот и полициското насилство, во бранот протести ширум светот по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, но и во француската престолнина протестот се претвори во судар со полицијата.

Движењето против расната дискриминација и полициската бруталност доби поддршка во Франција, особено во сиромашнтие градски предградија каде што локалното население обвинува дека полициската бруталнот врз граѓантие често од имигрантско потекло, се забошотуваат и не се решаваат.

На еден транспарент кој го носеа демонстрантите на Плоштадот на Републиката пишуваше „Се надевам дека денеска нема да загинам затоа што сум црнец“. „Ако сеете неправда, ќе жнеете бунт“, пишуваше на друг.

На собирот се обрати Аса Траоре, сестра на 24-годишниот Адаме Траоре, кој почина во 2016 година близу Париз по приведување во полицијата.

„Смртта на Џорџ Флојд многу ме потсетува на смртта на мојот помлад брат во Франција. Тоа што се случува во САД се случува и во Франција. Нашите браќа умираат“, рече Аса Траоре. Нејзиното семејство, имено, тврди дека момчето починало откако тројца полицајци го притискале на земјата со своите тела и дека официјално неговата смрт не е разјаснета.

Токму „Комитетот Адаме“, според починатото момче, е организатор на денешниот протест и неговите претставници изјавија дека не можат да ја сфатат одлуката на полицијата да ја забрани поворката и да користи специјална опрема, по што потврдија дека собирот ќе го одржат без поворката.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, претходно седмицава призна дека постојат „докажани сомневања за расизам“ во француските агенции за спроведување на законот. Неговата изјава веднаш беше остро критикувана од полициските синдикати, наведувајќи дека полицајците се жртви поради длабоко вкоренетите проблеми во општеството. Полицијата одржа протест во градовите ширум Франција претходно оваа седмица.

Во медимите во саботата имаше и низа критики на сметка на демонстрантите, бидејќи на некои нивни претходни протести можело да се слушнат и антисемитски слогани.

На саботниот протест во Париз, кој започна во 14,30 часот, лица во црна облека и со прекриени лица започнале безредија во текот на протестот за кој градските власти наведуваат дека не е издадена дозвола.

Според медиумите, на протестот на Плоштадот на Републиката денеска учествувале околу 10.000 лица. Најавено беше дека протестната колона ќе мине кон операта Гарние, но полициските кордони го попречиле нејзиното движење. Половина час подоцна, претежно млади луѓе облечени во црно се приклучиле на колонта и започнале да фрлаат шишиња, канти со боја и канти за ѓубре врз полицајците. Толпата ги следала со провокативните слоганит „Сакаме да одиме, отворете ни го патот“, пренесуваат медиумите.

Покрај тоа на коловозот бил запалеле купиште со ѓубре, кое тлееле испуштајќи тешка реа, а повремено се слушале и детонации од пиротехнички средства. Полицијата употребила солзавец, по што толпата се повлекла на кратко, но штом гасот се расчистил, хулиганите се вратиле и ги демолирале излозите од продавницата на мобилниот оператор „Orange“.

Полицијата на својот акаунт на Twitter објави дека „секој кој сака може да го напушти плоштадот во секој правец, освен преку булеварот Сен-Мартен и улицата Тампл“ каде што се случил судирот меѓу дел од демонстрантите и полицијата.

Полициската префектура на француската престолнина потсети дека не се дозволени собири на групи со повеќе од 10 лица поради епидемиолошката состојба со коронавирусот и оти поворката органзиирана од демонстрантите не добила дозвола од граддсктие власти.

Организаторите изразија незадоволство од постапувањето на полициските службеници, обвинувајќи ги дека се обидувале вештачки да предизвикаат тензии, но подоцна комбето со импровизираната бина го поместија подалеку од полицискиот кордон, каде што поактивните демонстранти ги туркаа полициските бариери.

Во еден момент неколку организирани групи во различни делови на плоштадот повторно започнале да фрлаат коцки од калдрмата и петарди врз полицајците. Истовремено, друга група започнала со демолирање на стаклата на околните бутици и се обидувала да ги потпали. Полицијата одговорила со солзавец и потиснување на демонстрантите со штитови и палки, префектурата во раните вечерни часови ги повика демонстрантите веднаш да се разотидат.

И покрај агресивноста на некои групи демонстранти, засега нема официјални информации за приведени.

Телевизискиот канал LCI, пак, извести дека околу 10 лица се приведени недалеку од Плоштадот на Републиката. Според првичните сознанија, станува збор за активисти на радикалната група „Generation Identitaire“, коишто на една зграда истакнале транспарент со повикот за „правда за жртвите на расизмот против белците“ и хаштагот „Белите животи вредат“. Жителите на горните катови од зградата скинале дел од транспарентот со повици со поддршка од демонстрантите, а подоцна на избувнала тепачка меѓу десничарските активисти и веројатно активисти на левичарските групи.

Во вечерните часови голем број демонстранти сѐ уште се на плоштадот. Во текот на денот медиумите повикувајќи се на различни извори во агенциите за спроведување на редот објавуваа процени за бројноста на демонстрантите кои е движеа од 6.000 до 20.000 луѓе. Вечерта телевизијата BMFTV, повикувајќи се на префектурата, објави за околу 15.000 демонстранти, но не се прецизира во кој дел од протестот е направена процената.