(ВИДЕО) Неколку повредени во конфликт меѓу приврзаници на ДПС и опозицијата во Подгорица

Во Подгорица, неколку лица биле повредени во судир кој што се случил помеѓу приврзаниците на ДПС и опозициската коалиција.

Полицијата ги разделила двете групи и со тоа спречила посериозен инцидент.

Наводно, приврзаниците на власта славеле во локалното кафуле „Штрафта“, пееле црногорски песни и извикувале „Е ВИВА“, а потоа запалиле и факели.

Во тој момент наишла група приврзаници на опозицијата, по што инцидентот започнал.

Црногорските медиуми пренесуваат дека некои од припадниците на ДПС започнале да фрлаат шишиња од барот кон опозициските приврзаници.

Во тепачката имало повредени, но брзата интервенција на полицијата спречила да настане посериозен инцидент.

Набрзо потоа пристигнале и екипи од Брзата помош.

Инаку, синоќа во повеќе црногорски градови се одржаа и собири и литии по повод контроверзниот Закон за слобода на вероисповед.