(ВИДЕО) Нема закон за миленикот на власта – вози 320 км на час, добива пари од Фонд за иновации и гради трговски во Штип!

1347

Горан Јордев, познат како Горан Гурла е бизнисмен од Штип близок до власта, кој во изминатите години доби огромни бенифиции за време на владеењето на СДСМ, пишува Лидер.

Но, освен бизнисот и блискоста со власта, Јордев ужива да вози со огромни брзини со неговото „порше“ и да се заканува на социјалните мрежи. Самиот штипјанец на социјалните мрежи постави видео на кое се гледа дека со своето Порше вози 320 на час. Ова претставува прекршок за кој според македонското законодавство се одзема возачката дозвола.

Освен ова, Јордев на социјалните мрежи преку социјалните мрежи им се заканува на политичките противници на СДСМ

Крвта да ви ја е*ам вмровска се по список да ви е*ам… Никогаш, ама никогаш да не се вратите на власт“,  пишува Јордев на фејсбук споделувајќи објава на премиерот Зоран Заев.

Инаку, овој бизнисмен има добиено пари од фондот за иновации. Во една од објавите на Фондот за инвации стои дека неговата компанија добила пари, а фотографиран е заедно со директорот Коста Петров.

Македонската компанија #МебелИнженеринг од Штип е поддржана од #ФИТР со цел отворање на нов капацитет – пилана за производство на букова граѓа.
Компанијата е извозно ориентирана, а се занимава со производство на дрвени столици и маси. Новиот објект кој го отвораат ќе придонесе за заживување на стар објект кој долго време воопшто не бил во функција. – стои во објавата на ФИТР.

Инаку овој контроверзен бизнисмен го гради и Штип Сити Мол, нов трговски центар кој почна да се гради на крајот од минатата година.

Да видиме дали полицијата ќе му ја одземе возачката дозвола, или законот нема да важи за овој тајкун на власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.