ВИДЕО| Неочекувана реакција на Орбан на појавата на Зеленски на самитот на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одбива да му аплаудира на украинскиот претседател Володомир Зеленски при неговото пристигнување за заедничка фотографија на челниците на земјите членки на Европската унија во четвртокот и петокот во Брисел, објави порталот Strana.ua на апликацијата Telegram.

На кадрите се забележува дека Зеленски придружуван од челникот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им приоѓа на челниците на земјите членки на ЕУ, сите освен Орбан му аплаудираат на украинскиот претседател.

За време на говорот на специјалната пленарна седница на Европскиот парламент, Зеленски им се заблагодари на европските лидери за помошта и додаде дека неговата земја се приближува кон пристапување во Европската унија. Зеленски во своето обраќање зборуваше за „европскиот начин на живеење кој се брани“ во Украина.

Шефот на Европскиот совет на почетокот од седмицата го покани претседателот на Украина на самитот на ЕУ во Брисел на 9-10 февруари. Оваа посета на Зеленски беше второ патување во странство по почетокот на руската специјална операција. Еден ден претходно, тој ги посети и Велика Британија и Франција.

Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот.

Од самиот почеток на војната во Украина, унгарските власти повеќепати потенцира дека нема да им доставуваат оружје на властите во Киев и нема да дозволат други земји да го транспортираат преку нивна територија. Како што објасни министерот за надворешни работи Петер Сијарто, вака Будимпешта настојува да ги обезбеди етничките Унгарци кои живеат во Закарпатие. Оваа одлука е вградена во Унгарија на законодавно ниво.

Последните месеци тензиите повторно дојдоа во прв план откако, како што известуваат унгарските медиуми, во Закарпатие се зголемува се спроведува најголемата мобилизација од почетокот на руската инвазија ланскиот февруари, којашто се должи според нив на големите загуби во жива сила на Закарпатската 128-ма планинска јуришна бригада во борбите кај Соледар во југоисточната Доњецка област.

Весникот Ripost објави дека украинската безбедносно-разузнавачка агенција Служба за безбедност на Украина (СБУ) им забранува на роднините на загинатите украински Унгарци да ги бараат преку социјалните мрежи и да објавуваат за нивните загинувања. Неодамна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарците од Закарпатие „жестоко“ и под „притисок“ се мобилизираат во украинската војска, како и дека многумина од нив гинат.

Истовремено некои унгарски крајно десни политичари објавуваат карти со кои териториите на Полска и Унгарија кои се присоединети на Украина на различните конфликти по формирањето на СССР во 1922 година.

Официјален Киев ваквите објави за угнетување на етничките Унгарците во Закарпатие ги нарекува „продолжение од руската и унгарската пропаганда“ против Украина. Се додава дека ваквите инциденти поврзани со политичари од партијата на унгарското малцинство КМКС ги покажуваат нивните тенденции кон „Голема Унгарија“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.