(ВИДЕО) Маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго – се заканил дека ќе изврши самоубиство ако не разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот на САД и медиумите.

20-годишниот маж наводно и член на движењето „Животите на црнците се важни“ се качил на кулата во околу 17:30 часот по локално време во неделата и таму бил со часови додека полицијата се обидувала да го наговори да се симне, пишува Њујорк пост.

Полицијата соопштила дека мажот се заканувал дека ќе изврши самоубиство доколку не разговара со Доналд Трамп.

На видео снимките кои се појавиле на социјалните мрежи, се гледа маж како виси на портокалов коноп.

„Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже ќе скокнам и ќе умрам“, рекол тој.

Како што наведуваат американските медиуми, тој со камера се снимал и ги давал тие изјави, а сето тоа го емитувал на Фејсбук.

„Имам нпж. Доколку некој се обиде да го повлече јажето ќе го исчеам“, најавил.

Тој додал и дека ако Трамп ветил нешто, тогаш тоа мора да го исполни пред изборите.

Засега не е познато како завршила целата ситуација.