(ВИДЕО) Нереди во САД по ранувањето на црнец од страна на полицијата

Афроамериканецот Џејкоб Блејк на кого полицијата во неделата му пукаше во грбот во градот Кеноша во американската сојузна држава Висконзин е парализиран и „се бори за живот“, рекоа членовите на неговото семејство и адвокатите.

Полицијата во неделата го следеше Блејк со вперен пиштол по што еден од полицајците отвори оган ранувајќи го во грбот додека се враќал во својот автомобил.

Сведоци на ранувањето на Блејк се неговите тројца синови, на возраст од три, пет и осум години, вели адвокатот Бен Круп која го застапува семејството на Блејк.

Пукањето го снимил минувач, а снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи, покренувајќи го бесот на граѓаните поради новиот во низата случаи во кои полицијата се обвинува за расистичко мотивирано насиство кон Афроамериканците.

Блејк се обидел да ја прекине кавгата меѓу двете жени, а полицаецот во него испукал четири до седум куршуми, иако немало знаци дека е вооружен, рече адвокатот на семејството во разговор за ЕјБиСи.

Полицијата не објасни зошто отворила оган на 29-годишникот. Канцеларијата за правосудство на сојузната држава Висконсин покрена истрага, но не се објавени детали.

Ранувањето предизвика протести во Кеноша, а гувернерот на Висконсин објави вонредна состојба, велејќи дека ќе ги мобилизира припадниците на Националната гарда.

https://twitter.com/RedHandHero/status/1298508639393775616?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1298508639393775616%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fnovi-neredi-vo-sad-po-ranuvaneto-na-czrnecz-od-strana-na-policzijata-video-foto%2F

Родителите на Блејк на прес конференцијата изразија тага поради ранувањето на синот. „Ранет е седум пати. Седум! Како неговиот живот да не вреди ни цент“, рече таткото на Блејк пред новинарите, со глас преплавен од емоции.

Адвокатите на семејството Блејк наведуваат дека куршумите му смачкале дел од карлицата и предизвикале парализа од половината надолу.

„Ќе биде чудо ако Џејкоб Блејк некогаш повторно почне да оди“, рече адвокатот Бен Круп.

Нередите во понеделникот вечер избувнаа и во другите делови од САД, вклучувајќи ги Портланд, Орегон, Сиетл, Медисон, Висконсин и Минеаполис, наведува Ројтерс.