(ВИДЕО) Неспортски потег на Агим Ибраими, со глава го удри судијата

Очајната сезона на македонскиот клупски фудбал во Европа заврши во сезона на капење. Шкендија по шокантниот пораз од 1-2 од аматерите од Луксембург, денеска во реваншот одигра само 1-1 и испадна од Дуделанж.

Тетовци добија три црвени картони од кои два во самиот финиш.

Сепак Елиминацијата на Шкендија во квалификациите во Лига Европа, најдобро ќе ја памети напаѓачот Агим Ибраими, кој на неколку секунди пред крајот на натпреварот целосно ја загуби контрола, па затоа сигурно ќе се соочи со голема казна од страна на УЕФА.

Имено, во завршницата Шкендија успеа и со играч помалку да даде гол преку Агим Ибраими за 1-1 во 92-та минута, а потоа нервозните тетовци по исклучувањето на Валмир Нафиу, направија циркуз кој заврши со инцидентот на најискусниот – Ибраими.

Незадоволен од одлуката, му удри глава на судијата и веднаш „поцрвене“, со што сигурно ќе добие голема суспензија од Европската куќа на фудбалот.