(ВИДЕО) Неверојатен гол во натпревар во Серија Б

Играчот од средниот ред на италијанскиот фудбалски второлигаш Кремонезе, Микеле Кастањети постигна неверојатен погодок во победата од 2:0 против Виртус Ентеле во средбата во 29-то коло од Серија Б.

Триесет иедногодишниот Кастагенети во 60 минута го постигна еден од најубавите погодоци оваа сезона кога со повеќе од 70 метри го префрли противничкиот голман Даниеле Бора.

Акцијата за погодокот ја започна токму домашниот голма кој во својот шеснаесетник со рака профати една топка а потоа со нога ја дегажираше до средината на противничката половина, каде што ја дочека Кастањети и „од прва“ шутираше кон голот на Витус Ентеле префрлувајќи го шокираниот Бора.

Тоа беше погодок за 2:0, а гостите во водство стасаа во 47 минута преку Џанлука Гаетано.

Интересно е што Кастањети постигна случен погодок и во март минатата година на дуелот со Фросиноне. Тогаш од центарот на игралиште го совлада Франческо Барди.

„Тренирам вакви удари“, откри Кастањето кои за Кремонезе настапува од 2018 година, а претходно ги носеше дресовите и на Емполи, СПАЛ и уште неколку клубовои.

Кремонезе во моментов е 14-ти во Серија Б, додека Виртус е последен.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.