(ВИДЕО) Невидена снимка од Ѓоковиќ од 1991 година

Новак Ѓоковиќ,денес најдобар тенисер во светот објави едно емотивно видео на својот профил на Инстаграм на кое се гледа како го добива својот прв рекет.

Децата особено се радуваат на поклони, но за Ноле рекет било многу повеќе од поклон. Тоа се претворило во еден вид на опсесија, нешто без кое што подоцна во неговиот живот ќе се испостави дека нема да може да живее.

Караоке тогаш не го интересирало, но кога го зема рекетот во рака во 1991 година тогаш го зел микрофонот во свои раце и запеа.

„Добро е да се навратиш на почетоците, да се потсетиш како се почна. Бев тогаш среќен што го добив својот прв рекет, погледнете ми го лицето“, напиша Ѓоковиќ во објавата.

https://www.instagram.com/tv/CBGWcsZHB0f/?utm_source=ig_embed